Балкан
26. јуни 2017 - 16:18

Ниту еден Македонец во новиот албански парламент

Левата кoалициија „За Албанија која ја сакаме" предводена од социјалистите на Еди Рама е победник на вчерашните парламентарни избори во Албанија, потврдуваат првичните неофицијални реултати.

Коалицијата освоила 49,62 отсто од гласовите и обезбедила 76 пратенички мандати во 140-члениот Парламент.

Веднаш зад неа е коалицијата на десницата „Нова Република" предводена од демократите на Љуљзим Баша, со 28.56 отсто од гласовите или 41 пратеничко место.

Партијата Движење за социјалистичка интеграција (ЛСИ) на Петрит Васили (екс лидер Илир Мета) обезбедила 20 пратенички места со освоени 14,95 отсто од гласовите.

Ниту еден Македонец не успеа да освои пратеничко место. На вчерашните избори забележана е најниска излезност до сега, гласале  45,17 отсто.