Македонија
31. July 2015 - 16:58

Ниска дабова шума, боров насад, трева и грмушки изгореа во големиот шумски пожар во Општина Чашка

Ниска дабова шума, боров насад, трева и грмушки изгореа во големиот шумски пожар во Општина Чашка. Огнот зафатил површина од вкупно 250 хектари. Цели три дена беснееше пожарот. Тој предизвика и страв кај населението во село Извор.

Од шумското Бабуна велат дека не знаат како избувнал пожарот. Се сомневаат дека се работи за човечко невнимание.

Инаку пред десетина дена голем пожар беснееше и покрај автопатот Велес - Скопје. Тогаш огнот проголта 50-тина хектари квалитена борова шума.