Џет-Сет
11. July 2017 - 15:54

Ништо од разводот: Ана Севиќ објави убави вести и ги демантираше гласините

Пејачката Ана Севиќ на Инстаграм објави фотографија со својата ќеркичка Лорена и ги извести фановите дека нејзината љубимица полни 3 години.

„Свету мој, нека ти е среќен прекрасниот ден. Три години најголема можна љубов“, пишува во рамките на објавта на која тие двете уживаат во базен.

По приказните дека Дарко и Ана се разведуваат поради Аца Лукас, фотографијата која Ана неодамна ја објави е доказ дека со нив е се во ред и дека се свртени кон семеството и прославите како што е роденденот на Лорена.