Loading Video...
Кошарка
31. January 2018 - 9:33

Ништо ново повторно пораз на МЗТ

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпеа нов пораз во АБА лигата откако во последниот дуел од 18.коло загубија од Мега Бемакс со убедливи 106:77 (30:16; 30:19; 21:24 и 25:18).

Лошата одбрана во првиот дел и примените 60 поени беа причина за 15.тиот пораз на „металците“ во АБА лигата со што шансите да го избегнат последното место ги сведоа на минимум. Најефикасен на натпреварот беше Влатко Чанчар од Мега со 22 поена, додека кај МЗТ Скопје најпрецизен беше Јуре Лалиќ со 14 поени.

МЗТ Скопје е последен на табелата со скор 3 победи и 15 порази, а пред него се наоѓаат:Мега Бемакс, Олимпија и Цибона со скор 6-12 (победи-порази).

Во следното коло во сабота „металците“ на домашен терен играат со Олимпија, a до крајот на сезоната остануваат уште дуелите во Скопје против Цедевита, и гостувањата во Црна Гора, кај Морнар и  Будуќност