Кошарка
7. February 2018 - 19:00

Ништо ново, повторно пораз на АВ Охрид во АБА 2 лигата

Ништо новo кога во прашање е АВ Охрид нејзиниот настап во Втората АБА лига. 
 
Охриѓани повторно се поразени во меч од 17.коло, и тоа пред домашната публика од белградскиот тим Динамик со 90:106 (24:27, 18:30, 25:20, 23:29). 
 
За составот на АВ Охрид ова е шеснаесетти пораз во исто толку одиграни средби.
 
Единствената победа за македонскиот тим во оваа конкуренција е онаа со службен резултат (20-0) против екипата на Босна Ројал која поради финансиски проблеми не допатува во Охрид на мечот од 9.коло.