Македонија
12. December 2017 - 16:05

Нимиц: Нема ново волшебно име - спорот може да се реши следната година со политичка волја и добра дипломатија

Медијаторoт Метју Нимиц е оптимист дека спорот со името може да биде решен идната година, по средбата со Василакис и Наумовски. Во Атина и Скопје е подобрена климата за решение и тоа ќе се случи со помош на добра дипломатија и политичка волја во двете земји оценува Нимиц, не одговарајки дали понудил нов предлог.

- Ќе имаме средби и во јануари, февруари и март, тоа не сме го правеле досега но поради охрабрувањето од владите на двете земји иминистрите за надворешни работи го туркаме процесот нанпред. Немаме утврден рок но се надевм дека следните месци, сигурно идната година ќе успееме да најдеме решение, вели Нимиц.  

Премиерот Заев ги демантираше информациите кои ги објави грчката телевизија Стар дека Нова Македонија е предлогот кои Нимиц денеска го предложил на преговарачките тимови.

Грката телевизија објави дека Нова Македонија е предлог кој веќе бил понуден во 1992 година. Предлогот Северна Македонија, како што наведува телевизјата во својата анализа бил одбиен оти тоа задирало и во интересите на Бугарија, а за официјална Атина е предлог кој не го решева иредентизмот на Скопје.

Денешната средба на Нимиц со преговарачите Василакис и Наумовски доаѓа по три години пауза во процесот на преговори пред се поради политичката криза во Македонија.