Бизнис
4. July 2017 - 19:50

Николовски: Се разгледуваат сите опции за непречен откуп на пченицата

Министерството за земјоделство нема да ја врати поранешната мерка за условен увоз на пченица. Ресорниот министер го отфрли барањето на земјоделците од пелагонискиот регион, со кое пред неколку години се заштити домашниот род од евтиниот увоз.  

Потсети дека земјава токму поради оваа мерка беше опомената за можни санкции. Се разгледуваат сите мерки за непречен откуп на пченицата, но сеуште е рано да се дефинира производствената односно пазарната цена на лебното зрно.

„Министерството ќе ја соопшти и трошковната цена за производството на пченицата, но и пазарната цена и соодветно на тоа ќе предложиме на Владата предлог- мерки“, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Претходно Федерацијата на фармери достави барање до Министерството, интервентниот откуп да се одвива паралелно со  жетвата . Фармерите сметаат дека минимланата цена на кг откупена пченица треба да биде 12 денари.

Во следните 3 години пак со 2,5 милиони евра помош од ЕУ ќе се окрупнува земјоделското земјиште во земјава. Земјодлеските стопанства се многу мали и расцепкани што негативно влијае на производителите истакна евроамабасадорот Жбогар.

„Искуствата на земјите од ЕУ покажаа дека е можно консолидацијата да се спроведе со паралелна заштита на животната средина. Тоа мора да се земе предвид, а треба да се искористи и државното земјоделско земјиште за поддршка на консолидацијата на приватните парцели“, изјави евроамбасадорот Семуел Жбогар.

Окрупнувањето на земјиштето ќе се одвива преку размена на парцели меѓу земјоделците. Со или без менување на формата, па се до целосно менување на границите за да се добијат површини најпогодни за производство.