Македонија
7. July 2017 - 17:42

Николовски контра владата: Неуставно го стопираат моето назначување во Брисел

Со фалсификат и прекршување на законите Владата се обидува политички да го блокира моето поставување за амбасадор на Македонија во Брисел, реагира на социјалните мрежи екс пратеникот Александар Николовски. Тој го објави заклучокот од затворената владина седница кој според него покажува дека владата постапува незаконски и прави обид да ја прекине постапката за избор на амбасадор иако тоа законот не го дозволува

„Во истиот не е цитиран ни еден член на Законот за надворешни или Уставот по кој е донесен. Причината е многу едноставна- таков член нема! Никаде во законот не е пропишано дека може да се прекине завршена постапка. 

Донесен е само заклучок без одлука. Одлуката треба да ја потпише Премиерот, веројатно свесни дека го кршат законот товарот го префрлаат на Генералниот Секретар.“ – пишува Николоски на Facebоok.

Според него, најскандалозен е како што вели фалсификатот кој го направила Владата, менувајќи го датумот во архивскиот печат од 20 на 19 јуни, што може да се види и од приложените документи.

Сител побара став од Министерството за надворешни работи но до овој момент, нема одговор.

Во меѓувреме, течат консултациите меѓу Министерството за надворешни работи и претседателот Иванов кои треба да дадат кадровски решенија за поголем број испразнети амбасадорски места.