Спорт плус
2. August 2015 - 15:32

Никола Василевски и Евита Насевска победници на Илинденскиот пливачки маратон

Никола Василевски од скопскиот клуб Орион во машка и Евита Насевска од клубот Бета во женска конкуренција триумфираа на Илинденскиот пливачки маратон кој по 36-ти се одржа во водите на Охридското езеро.
 
Патеката долга 2.5 километри од Горица 1 до градското пристаниште Василевски ја мина за 33.13.71 додека Насевска за 40.15.14.
 
Во машка конкуренција второто место му припадна на Мартин Тодоровски (Бета), а третото на Димитар Димовски (Орион).
 
Втора на целта во женска конкуренција за пливачки над 16 години пристигна Моника Симјаноска од клубот Граѓанин.
 
Во машката конкуренција за 16 години и помали прв целта ја мина Филип Салтировски (Бета), втор на пиедесталот заврши Иван Симоновски (Орка), а трет Димитар Камнаровски (Роермонд, Холандија).
 
Кај женските Ана Марија Пејчиноска (Делфин) триумфираше пред Марта Челиковска (Орион) и Стефани Тримчевска (Делфи).