Македонија
19. May 2016 - 9:14

Никола Маџиров на поетски фестивал во Букурешт

Македонскиот поет Никола Маџиров учествува на седмиот Интернационален поетски фестивал во Букурешт, кој се одржува од денеска до 22 мај годинава.

На фестивалот учествуваат поети од Кина, Финска, Полска, Израел, Чешка, Летонија, Велика Британија и други држави. Почесен гостин на фестивалот е венцоносецот на Струшките вечери на поезијата и неколкукратниот кандидат за Нобелова награда за литература, Ко Ун од Република Кореја.

По учеството на овој фестивал, Маџиров го очекуваат читања во Србија, Германија, Јамајка, Литванија, Франција, Украина, Норвешка, Малезија и други земји.