Џет-Сет
26. April 2017 - 10:49

Никогаш не се опорави и врати на сцената: 10 минути откако влезе на „Фарма“ почина сопругот на оваа пејачка

Пејачката Данијела Стоиљкович чие уметничко име е Елла во 2015 година требаше да влезе во реалното шоу „Фарма“.

Меѓутоа прстот на судбината тогаш ги измеша картите и на оваа нова музичка надеж драстично и се смени животот.

Пред две години, кусо откако потпиша договор за реалното шоу, таа го сними дуетот со Катарина Живковиќ „Лудило“. Каќа тогаш откри дека овие две другарки од претходно се познаваат бидејќи и двете се од Лесковац. Но, за разлика од Катарина, на која „Фарма“ и донесе огромна популарност, оваа Лесковчанка немаше можност да се покаже на фармата во Лисовиќ. Само што ја испрати во карантин, нејзиниот сопруг Александар Стоиљковиќ само 10 минуто подоцна почина од инфаркт.

Елла тогаш се откажа од реалното шоу, но за жал не успеа ниту после се да се врати во јавност и во медиумите, а еве како изгледа денеска.