-->
-->
Никлас Бентнер потпиша за Нотингем Форест
-->
Поранешниот напаѓач на Арсенал и Јувентус, Никлас Бентнер кариерата ќе ја продолжи во екипата на англискиот второлигаш Нотингем Форест.
Данскиот интернационалец се враќа на островото како слободен играч, по пет месечна пауза и раскинување на договорот со германската екипа Волфсбург.
„Би започнал со добредојде за Бентнер, кој потпиша две годишен договор со нашиот тим“, напиша на својот „Твитер“ профил претседателот на клубот Фаваз Ал Хасави, пренесуваат англиските медиуми.
По две години, Бентнер се враќа во Англија каде ги носеше дресовите на Бирмингем, Сандерленд како и Арсенал за кој постигна 45 голови на 171 натпревари колку ги одигра за шест сезони.
Неговата кариера беше исполнета со бројни контраверзии како, отсуство од тренинзи и не исполнување на обврските кон спонзорите, поради што и доби отказ од Волфсбург.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство