Тенис
1. September 2015 - 18:43

Никако да го мине првото коло на УС Опен?!

Клара Закопалова е тенисерка која веќе е во години , 33 но се уште настапува на тениските турнири под името Кукалова откако се омажи за фудбалер од Чешка. 

За Кукалова е карактеристично што има освоени три турнири во кариерата но никако не успева да го мине првото коло на ОП на САД. 
Од 1999г кога првпат се појавува на Флешинг Медоус , Кукалова дури 12 пати испаѓа во првото коло а три пати не успева да ги мине квалификациите. 
166 сантиметри високата тенисерка оваа сезона испадна на стартот од американката Медисон Киз во меч кој траеше два сета.