Свет
26. January 2017 - 17:04

Нието: Мексико нема да плаќа за ѕидот на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп стави потпис на указот за старт на градење  на  ѕидот долж  границата со Мексико, како дел од плановите на Вашингтон да ја заостри имиграционата политика.

- Нација без граници не е нација. Почнувајќи од  денеска, Соединетите Американски држави  ја враќаат контролата  над своите граници. Ќе си ги вратиме границите.( Доналд Трамп претседател на САД).

Бетонскиот  ѕидот долж границата  со Мексико ќе биде долг 3200 километри и за него ќе плати Мескико, објасни Трамп.  Но така не мисли  неговиот мексикански колега Енрике Пења Нието кој порача дека не верува во гранични ѕидови и нема да плаќа за нив.До уривањето на Берлинскиот ѕид во светот имаше 16 ѕидови  за заштита на границите, но во последното истражување на Универзитетот во Квебек, избројани се   66.