Џет-Сет
8. јуни 2016 - 8:49

Ни Цеца, ни Анастасија - Еве колку потроши Драгана Мирковиќ за роденденот на ќерка си

 

 
 
Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ не жалеа пари за роденденот на својата миленичка, 14 годишната Мануела. 
 
Мама и тато не жалеа пари и на прославата потрошија дури 100.000 евра на роденденот кој почна на брод.
 
Гостите беа дочекани во еден од најскапите хотели во Виена „Риц Карлтон“, а Мануела се пресоблекувала неколку пати. Сите фустани биле потпишани од страна на најпопуларни дизајнери. 
 
Иако долго се најавуваат родендените на ќерката на цеца и синот на Лепа Брена, сепак за овој немаше ни најава, а ги надмина двете журки.