Македонија
16. January 2018 - 16:33

Независниот полициски синдикат си ги бара парите за прекувремена работа и бонусите

Околу 1500 припадници на полицијата сеуште се без исплатени прекувремени работни часови, и бонуси во висина од една просечна плата, реагираат од Независниот полициски синдикат. Бараат од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да остане на претходно дадените ветувања за отпочнување на процесот за редовна исплата на додатоците на плата.

Од НПС информираа дека најголем број од припадниците на мвр кои не добиле пари за прекувремена работа се вработени во ЕБР и СВР Скопје, а има и од останатите сектори за внатрешни работи.

Од Министерството за внатрешни работи засега сеуште нема реакција.