Македонија
21. October 2017 - 21:24

Независниот полициски синдикат бара подобри услови за работа во станицата во Стење

Независниот полициски синдикат (НПС) на денешната прес-конференција побара од МВР да обезбеди средства за подобрување на условите за работа во полициската станица за гранична контрола во Стење каде, според нив, не е инвестирано од отворањето на станицата во 1992 година. 

- При посетата на станицата се соочивме со слика на која времето како да застанало во 1992. Она што ние го видовме е дека таму нема основни услови за работа на припадниците на МВР. Ние како синдикат бараме МВР заедно со министерот да одвои време и да го посетат овој граничен премин. Бараме да се заложат и согласно ветувањата на новата власт да овозможат живот за полицајците,  рече Гоце Тодев од НПС.

Тој приложи и фотографии од полициската станица во Стење, каде според него, работат околу 40 лица, а најавени се дициплински постапки против 16 вработени за што, како што вели, ќе се ангажираат како синдикат да помогнат.