Балкан
30. January 2017 - 17:31

„Независне новине“: Изминатите 20 години од државјанство на БиХ се откажале 73.478 луѓе

Во изминатите 20 години од државјанство на БиХ се откажале 73.478 луѓе, а само во изминатата година од државата „испишани“ се 4.270 жители, објавија бањалучкот весник „Независне новине“.

Државјаните на БиХ од пасошот најчесто се откажуваат поради добивање државјанство на Германија, Австрија, Словенија, Норвешка, Данска, Чешка, Србија, Хрватска, Црна Гора.

Според податоци на Светска банка од декември 2015 гоидна стапката на емиграција во однос на бројот на жители достигнала во БиХ 44,5 отсто.

Во овој момент БиХ е полоша дури и од Албанија, која има стапка на емиграција од 43,6 отсто и со години беше водечка држава во светот, наведува весникот.