Балкан
13. May 2017 - 21:00

Незапаметено злосторство: Девојче 5 години злоставувано од очувот и соседот, ноќе ја нуделе на мушетрии

-Не можам да разберам една мајка да нереагира на жалбите на ќерката, дека очувот ја подведува, и соседот ја злоставува.

Вака огорчен ја почнува приказната, со болка во гласот Саша Мратиќ (37) од Александровац, татко на малолетната С.М. (14).

Тој поднел тужба за старателство против мајката на девојчето Д.М. од Буковац кај Деспотовац, по што нејзиниот невенчан сопруг В.З. е уапсен под сомнение дека 5 години го силувал девојчето.

Овој случај на сексуално злоставување е разоткриен во октомври минатата година, а тој е уапсен и ќе излезе на обвинителна клупа, при што поради силување му се заканува казна од 10 до 40 години затвор. Иако девојчето и се пожалило на мајката за однесувањето на очувот, мајката не е обвинета за прикривање, ниту пак за занемарување на детето, но грижата за малолетната С.М ја презеде семејство од село кај Деспотовац.

-Со ќерката сега секојдневно телефонски контактирам, а повремено и ја посетувам. Ми се отвори, има доверба во мене и ми се пожали деја ја напаѓал уште еден дедо од тоа село кој доаѓал во нивната куќа. За тоа и кажала н  мајката, но таа ја иднорирала. Ми напиша порака за тие напади, и јас јавив во Центарот за социјална работа, и очекувам обвинителство да покрене истрага и за тоа. Ќерката ми рече: „Тешко мене кога мајка ми ќе дозне, вели таткото на девојчето.

Otac Saša Mratić se nada da će povratiti starateljstvo nad ćerkom

Таткото Саша се надева дека истражните органи ќе реагираат.

-Не можам да ја разберам мајката, која не реагирала на жалбите од ќерка си. Тоа траело со години. Ќерка ми раскажа како тој (В.З.) ја водел по кафеани, мештаните од селото, па и роднините на нејзината мајка (Д.М.), тврдат дека и ја подведувал, но мајката остана нема. Наводно ја силувал и мајката Д.М. Можеби Д.М. многу го сакала, но тоа не е причина да ја жртвува и ќерката и мајката, вели таткото на девојчето.

Според неофицијалните информации, неговата тужба за старателство ќе биде позитивна за него, и дека ќерката, чие видување му беше ускратено од нејзиното раѓање, зошто В.З. му се заканувал, конечно ќе почне да живее со него.

В.З. е уапсен кон средината на минатиот октомври под сомнение дека пред 5 години ја силувал пасторката, малолетната С.М. (14). Сексуалното злоставување почнало кога девојчето имало само 9 години.

Молчела наводно, зошто мајката премолчено одобрувала, најверојатно од страв. Случајот е откриен кога тинејџерката му се пожалила на школскиот психолог, кој за сето тоа го известил Центарот за социјална работа, а тие обвинителството и полицијата.