Незапаметена семејна трагедија: Сопругата со нож ја избодел до смрт, а потоа се обесил на ролетната
Мирсад С. (49) во петокот ја уби невенчаната сопруга Мелита Д. (46) во семејната куќа во Пеќинци,а потоа извршил самоубиство.
Репортерот на Курир на самото место неофицијално дознава дека мотивот за страотното злосторство е најверојатно тоа што несреќната жена пред 15 дена Мирсад го изфрлила од куќата во која живееле заедно 5 години.
-Иако првичната информација беше дека се состанале во куќа на извесна бајачка, Мирсад Мелита кобниот ден ја повикал во куќата на својата мајка да му ја донесе здравствената книшка и лекарските анализи кои останале кај неа. Тука ја избодел повеќе пати со нож. по што таа починала, а тој се обесил со лентата за кревање и спуштање на ролетните.
Злосторството се случило во претпладневните часови, кога мајката на Мирсад не била дома, а кога подоцна се вратила, наишла на заклучена врата, а внатре затекнала крвава глетка и две безживотни тела кои лежеле во локва крв, пишува српски Курир.
Мајката на Мирсад ја затекнала грозоморната глетка.
Мештаните зборуваат дека Мирсад веќе бил во затвор заради малтретирање на поранешната сопруга, а од првиот брак има две возрасни деца.
Зад Мелита остана десетгодишниот син.
Полицијата изврши увид, а телата се испратени на обдукција во Нови Сад и се очекува резултатите да бидат познати на почетокот на оваа работна недела.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација