Балкан
22. February 2017 - 9:31

Незапаметен злочин, Дејан со нож си ги избоде децата: Ужасни детали

Бебенце од 40 дена почина, додека неговото братче-близначе едвај се спаси, откако таткото ги прободе со нож, откако како што и самиот рече му паднал мрак на очи. 

Дејан Крстиќ од Косово се скарал со својата сопруга, па сакајќи да ја заплаши, земал нож и тогаш му паднал мрак на очи и ги избодел бебињата. Самиот вели дека не памети што се случило во таа жолта минута.

Инаку, Дејан е професор по физичка култура во средно училиште во Ниш.

Кога Дејан го земал ножот и го избоел едното бебе, мајката скокнала во паника и спречила да се случи поголема трагедија, а вресоците ги слушнал и братот на Дејан од другата куќа и веднаш притрчал. 

Дејан важел за мирен и тивок човек во соседството, никој од соседите не знае што се случило и како можел да го направи делото.