Бизарно но вистинито
8. March 2016 - 23:01

Незапаметен случај: Мажот татко на едниот, љубовникот на другиот близнак

Двајца близнаци во Виетнам биле толку различни што родителите се посомневале дека децата ги замениле во болница. Направиле ДНК тест и навистина утврдиле дека близнаците немаат ист татко. Сепак, проблемот бил што мајката им била биолошка мајка и на двајцата близнаци.

Едниот близнак имал права, а другиот виткана коса, а родителите приметиле премногу разлики дури и за двојајчани близнаци. Се утврдило дека таткото му бил биолошки татко само на едното дете, додека татко на другото бил љубовникот на мајката. Колку и да звучи невозможно, постои и медицинско објаснување.

Ваквиот вид оплодување се нарекува суперфукундација и подразбира оплодување на две или повеќе јајце-клетки во ист циклус со сперма која потекнува од два или повеќе одвоени сексуални односи. До сега се забележани само десеттина такви случаи во светот.

Не е познато како брачниот пар реагирал на резултатите од тестот.