Фудбал
25. July 2016 - 11:19

Невремето го откажа дуелот на Пеп и Мурињо

Долго најавуваниот дуел на Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола, кои ова лето станаа менаџери на манчестерските клубови Јунајтед и Сити, нема да биде во Пекинг, туку ќе се случи на 10.септември во рамките на Премиерлигата.
 
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, во понеделник, требаше да одиграат контролен меч во Пекинг, но истиот нема да се одигра поради лошите временски услови, односно поплавите кои се предизвикани од силните врнежи од дожд.
 
Јунајтед пред неколку дена, во пријателски меч загуби од Борусија Дортмунд (1-4), а следниот меч тимот на Мурињо ќе го одигра на 30.јули во Гетеборг против Галатасарај.
 
На почетокот на август Јунајтед ќе игра против Евертон, а потоа на 7.август ги очекува  Лестер со Комјунити Шилд, натпревар со кој традиционално се отвора сезоната Премиерлигата.