Македонија
24. September 2017 - 18:08

Невреме во Македонија


Во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе бидат повеќе застапени во западниот и југозападниот дел од земјава. Локално се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен.

Потоа во следните денови врнежите ќе бидат со послаб интензитет и локално застапени.

Температурата на воздухот ќе биде релативно ниска за овој период, особено од четврток, кога максималната ќе биде во интервал од од 16 до 23 степени.