Свет
7. December 2015 - 10:35

Невреме предизвика прекин на струјата во Литванија и Русија

Повеќе од 20.000 лица останаа без електрична енергија во Литванија, поради синоќешните урагански ветришта.

Поради невремето, електроснабдувањето е во прекин и во руската Ленинградска Област, каде околу 15.000 лица се без елктрична енергија.

Во главниот град на Литванија, Вилнус најмалку 4.000 луѓе немаат електрична енергија.

Ветерот синоќа достигнал брзина од над 20 метри во секунда. Метеоролозите предвидуваат дека силниот ветер во Литванија ќе се задржи до крајот на денот.