Џет-Сет
23. October 2016 - 14:07

Невидено однесување во Ѕвездите на Пинк: Дара Бубамара го опцу Милан пред камерите

Жирито на Пинкови Ѕвезди советуваше неколку натпреварували да внимаваат на исхраната и да водат сметка за килограмите, а на таа тема беше прозвана и Дара Бубамара.

По неколку коментари дека некои од натпреварувачите треба да „си ја дупнат лажицата“ за да можат малку да ослабнат и Дара Бубамара се најде на тапет.

Шабан Шаулиќ  една натпреварувачка ја посоветува да внимава на килограмите, а Дара сакаше да и објасни како се прави тоа.

-Мора малку да калираш. Мораш поради самата себе. Имаш ли момче? Имаш? И тој мора да ти каже малку да ослабнеш, но ти сакаш да јадеш, ја советуваше Шабан девојката.

-Мора малку да ја дупнеш лажицата, вели Дара.

-Ти и кажуваш, те мола, и подвикна водителот Милан.

Потоа пејачката пцуеше, а натамошната расправа ја прекина другата песна на Анастазија.