Живот
15. October 2016 - 12:24

Невеста ги шокираше гостите на свадба

 
Радован Мирковиќ и Бојана Теовиќ од Србија вчера требале да се венчаваат, поканиле сватови, но свадбата се претворила во вистинска драма.
29 Јули 201616:00  
svadba
Бремената невеста тргнала да фрла пченица на куќата како што налагаат обичаите и тогаш почнале породилните болки. Збунетите сватови останале под шаторот од 600 места, додека невестата била итно пренесена во болницата, каде што Бојана родила здраво машко бебе. ­
 
– Фала му на Бога за денешниот ден. Никогаш во животот не се исплашив толку и никогаш не ми било толку убаво. Поканивме многубројни гости, а гостите останаа затечени, но останаа на свадбата биејќи чичкото на Бојана ја покани музиката да го прослави раѓањето на внукот – рекол маладоженецот.
 
Тој вели дека денеска ќе продолжи веселбата, се слушнал со сопругата, и таа и синот се одлично. ­ Сѐ на сѐ, подобро не можеше да биде – раскажува Радован.