Македонија
13. December 2016 - 14:41

Невеста бегалка: Дошла на гости кај татко и и побегнала од сите

Вчера во 00.30 часот во ПС Тетово, А.И. од с.Бозовце, со место на живењее во Тетово, пријавил дека неговата ќерка Д.И. (21), која била мажена во с.Камењане, на 10.12.2016 година дошла на гости кај него и на 11.12.2016 година околу 18.30 часот излегла и заминала во непознат правец.
 
Од тој момент истата не се вратила, ниту пак се јавила да им каже каде се наоѓа. Неколку пати се обидел да ја побара на телефон, но истиот и бил исклучен.
 
Пријавителот заедно со зетот се обиделе да ја пронајдат, барајќи ја кај роднини и пријатели.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.