Балкан
12. December 2017 - 15:37

Неверојатно што возачи преживеале после судар во Србија: Автомобилите одлетале 300 метри еден од друг

На патот за Умка утрово околу 6.30 се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два автомобили, а за среќа никој не е повреден.

До сударот дошло откако еден од возачите заспал зад волан.

Од силниот удар буквално автомобилите одлетале еден од друг, а полицијaта и Брзата помош ги затекнале на одалеченост од 300 метри.

Двајцата возачи, едниот 23 а другиот 33 години не се повредени но се пренесени на Ургентeн центар.