Балкан
27. јуни 2017 - 17:52

Неверојатно: Братучетката на српскиот министер за трговија стана мајка на 60 години

Кога првпат ја зедов во раце мојата тукушто родена ќерка Алина, од мене немаше посреќна жена. Конечно, после толку години мака и труд, станав она што цел живот го посакував - мајка.

Вака за српски Курир ја почнува својата приказна Атифа Љајиќ (59) од Нови Пазар, која е втора најстара родилка во историајта на Србија. Атифа се породи на 20 јуни во ГАК во Белград каде лежела од 31 март поради високо ризичната бременост.

Атифа, рече дека останала бремена со ин витро оплодување.

-Се породив минатата недела во 9 часот утрото со царски рез. Алина има 3 килограми и 350 грама, а долга е 55 см. Се е добро, фала на Бога. Тоа беше најрадосниот ден во мојот живот. Кога ја зедов во раце, чувството беше прекрасно, вели Љајиќ. Атифа инаку му е братучетка од стрикото на Расим Љајиќ, министерот за трговија. Нејзиниот сопруг Шериф Нокиќ (68) кој во почетокот не бил за тоа да станат родители во касните години, но како што вели Атифа, сега е пресреќен.

-Подготвена сум за улогата на мајка, само таа нека ми е добра, ако даде Бог, јас и Шериф ќе бидеме добри родители.