Свет
16. July 2017 - 14:52

Неверојатни слики од Чиле: Се се сврти наопаку, падна снег, жителите во чудо!

Едно лице загина, а две се повредени, додека пак 300.000 луѓе останаа без струја и греење во Сантијаго, кој е под снег, што ретко се гледа во престолнината на Чиле.

Метеоролозите соопштија дека ова се најголеми снежни врнежи во Сантијаго од 2007 година. Снежната покривка е меѓу 53 и 5 см.

Децата првпат уживаа во снегот и игрите со него како и зимските спортови.

-Падна снег и се чувствува магична атмосфера овде во Бели (населбата Белависта) и во останатите делови од Сантијаго. Ова никој не го очеквуаше, рече еден од жителите.

Инаку човекот кој настраа е работник кој загинал обидувајќи се да го исчисти мразот, а двајца се повредени кога ги удрила струја од жица која паднала, соопштија официјалните лица.