Балкан
17. October 2017 - 9:42

Неверојатна глетка на патот: Наместо стока, деца затворени во корпата на трактор

Возејќи се низ улиците на Босна и Херцеговина, како и на секое друго место, често може да се наиде на некоја чудна глетка.

Една таква е забележана во Тузла каде возачот на трактор , во корпа која служи за пренесување на животни, во главно свињи, ставил две деца.

Неверојатната фотографија ја објавил случаен возач кој фотографијата ја споделил на социјалните мрежи, и за миг стана хит на интернет.

- Откако ја фотографирав оваа глетка , се јавив и во полиција, затоа што сум згрозен од ваквата постапка и ги повикувам надлежните органи да реагираат и вакво нешто никогаш да не се повтори- напишал човекот кој ја фотографирал случката.