Живот
13. February 2018 - 21:16

Неверојатна акција: Дете висело од прозорец, соседите го спасиле на фантастичен начин

 

Вистинска драма се одвивала во Истанбул, кога едно две годишно дете скокнало низ прозорец и висело од него.

За среќа, соседите забележале дека дете виси од вториот кат, па веднаш се вдале во акција.

Прво се обиделе да ги повикаат родителите, а потоа се сетиле да земат ќебе и да го рашират под прозорецот.

Детето се обидело да се качи назад, но не успеало, така што се пуштило и паднало право врз ќебето.

За среќа, никој не е повреден.