Свет
11. February 2018 - 17:26

Нетанјаху: Зададовме тешки удари врз Сирија и врз Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денсека дека израелската армија нанела тешки удари врз Иран и Сирија во низата воздушни напади извршени вчера.

Тој нагласи дека без какви било сомнежи разјаснил дека „ќе го нападне секој што ќе го нападне“ Израел.

– Та е нашата политика и ќе остане непроменета, изјави Нетанјаху.

Неговата изјава следува по вчерашното пресретнување и соборување ирански дрон кој навлегол во израелскиот воздушен простор по што по враќањето од Сирија е соборен авион Ф-16 на израелската армија. По соборувањето на израелскиот авион следуваа воздушни напади врз ирански и сириски позиции во Сирија, и притоа е нанесена голема штета.