Македонија
10. January 2017 - 16:19

Нет прес: СДСМ праќа сиглани да Ахмети дека платформата на албанските партии е прифатлива

Зоран Заев  со порака до Ахмети дека би прифатил се што е напишано во платформата на албанските партии само да биде дел од новата влада, дознава Нетпрес. Порталот пишува дека раководствто на СДСМ нема проблем со воведување двојазичност на целата територија вклучително и во  Делчево, Струмица, Штип, Свети Николе и останатите градови каде Македонците се убедливо мнозинство. За нив е прифатливо и вклучувањето на албанските партии во решавањето на спорот за името со Грција како услов за интеграција на земјава во НАТО и Европската унија. Како дел од платформата албанските партии побараа официјализирање на албанскиот јазик, промена на државните симболи, химната, грбот и знамето на Македонија, формирање ново министерство за политички систем, напредување на Албанците на раководни функции во безбедносните служби и правична застапеност во централната власт.

Според Нетпрес, токму предизборните ветувања на Заев за федерализација и двојазичност го отворија патот албанските партии да се обединат околу платформата со која поставија високи црвени линии, а сега иако поразен од народот, Заев е подготвен да прифати се само да влезе во владата.

Засега, СДСМ останува без коментар во однос на платформата на албанските партии, се додека таа официјално не им биде доставена.

Брако Геровски пак, еден од главните медиумски поддржувачи на СДСМ кој барањата на трите албаснки фактори во земјава ги оцени како премногу меки, вчера го поткрепи своето тврдење со став дека СДСМ во моментов е втора партија на Албанците.

Значајно е да започне процесот и да се фокусира на политичари и политичка сила која што има сериозен коалициски потенцијал. Таа партија е СДСМ во секој случај. Некои велат дека според бројките СДСМ е втората партија на Албанците во овој момент, според број на гласачи, што не е небитна работа, вели Героски во гостувањето на 24 вести.

Предизборните ветувања на Заев за воведување двојазичност и федерализација на СДСМ им донесе повеќе од 70.000 гласови од албанскиот електорат на предвремените парламентари избори.