Македонија
31. January 2017 - 19:11

НЕТ ПРЕС: СДСМ ги лажирала финансиските извештаи за изборите

СДСМ потрошиле 4 пати повеќе за реклами и пропаганда од тоа што пријавиле, Нетпрес открива скандал со финансиски малверзации во партијата. Во двата финансиски извештаи за кампањата објавени во државниот завод за ревизија на кои стои печат на СДСМ прикажани се нереално ниски суми за повеќе ставки објави  агенцијата. Според извештајот за реклами и пропаганда потрошиле само 510 842 евра. Доколку се земат во предвид ценовниците за реклами по секунда, билборди, огласи и се пресметаат во реалното време, се доаѓа до сума од 815 388 евра, што е за 40 отсто повеќе од објавената сума. Разлика за која што постои очигледен сомнеж дека е платена со црни пари и преставува кривично дело пишува Нетпрес. За реклами на национални телевизиии СДСМ реално потрошиле 517.447 евра, од кои најмногу се рекламирале на „Алсат“ – вкупно 20 часа и 5 минути, и „24 Вести“ – вкупно 19 часа 19 минути и 6 секунди.Според агенцијата , СДСМ за реклами троши 865.388 евра, а за целата кампања во фингираниот извештај доставен до Државниот завод за ревизија, во што спаѓаат и издатоци за репрезентација, интелектуални услуги, закупи на штабови, опрема за митинзи, комунални услуги и греење, пеачи, даноци и провизии  објавуваат дека потрошиле 551.608 евра, што е повторно помалку од реалната сума . Ако се тргнат трошоците за пропаганда и реклами значи дека за се друго како закупи, опрема за митинзи,репрезентативен материјал,  греење, пејачи, даноци и провизии согласно извештајот на СДСМ потрошиле околу 37 000 евра. Нетпрес со заклучок дека СДСМ има штелуван извештај со фингирани суми. Кривичниот законик на Република Македонија предвидува 5 години затворска казна за вакво дело.Нереалното прикажување на трошоците повлекува кривична одговорност, но во исто време ова отвора сомнеж за перење на пари, и пуштање во промет на црни пари со кои очигледно располага СДСМ за да ги покрие трошоците стои во текстот на НЕТПРЕС. Порталот отвара дилема од каде се тие пари и како стасуваат до штабот на партијата, што е работа и за Основното јавно обвинителство.