Loading Video...
Фудбал
23. March 2018 - 16:01

Несреќен пораз на младите македонски фудбалери од Русија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21.година е поразена од Русија во натпревар од квалификациите за Европското првенство 
 
Во меч со дури седум постигнати голови младите македонски фудбалери загубија од врсниците од Русија со 3-4 во дуел од седмата квалификациска група
 
Русите поведоа со прекрасниот гол од слободен удар на Иван Објаков во 25.минута.  Веќе во 37-та беше 2-0 за гостите откако Георгиј Мелкаѕе по втор пат го совлада Јанков. 
 
До крајот на првиот дел црвено-жолтите се вратија во игра откако Алекса Амановиќ постигна гол од пенал. 
 
Во вториот дел, избраниците на Милевски тргнаа поофанзивно, па како резултат на таквата игра дојде и погодокот на Петар Петковски во 64.минута за израмнување на 2-2. 
 
Сепак. Само пет минути (69) подоцна Русите повторно ја вратија предноста откако Објаков го постигна својот втор, а трет гол за руската селекција.
 
И Амановиќ постигна два гола, вториот во 86.минута, за израмнување на 3-3. Но,м истиот фудбалер во последната минута (90) заработи втор жолт картон, по што Македонија дополнителните четири минути ги одигра со играч помалку. 
 
Тоа Русите знаеја да го казнат, па преку Зелимкхан Бакалев во 94-тата мунута стигнаа до победа од 4-3. 
 
Ова беше четвртиот пораз во низа за нашата селекција која по пет одиграни средби има само три бода (победа во прво коло над Ерменија) и е закована на дното на табелата. 
 
Следен меч за нашите младинци е дуелот против Австрија кој ќе се игра на 28 март од 18 часот
 
 
         Табела: 
  1. Србија 15 бодови /5 натпревари/
  2. Русија 13 /6/
  3. Австрија 9 /5/
  4. Ерменија 7 /7/
  5. Гибралтар 3 /6/
  6. Македонија 3 /5/