Балкан
4. August 2015 - 11:10

Несреќа на свадба: Плафонот паднал врз невестата и гостите, петмина повредени

Пет лица се повредени во еден познат ресторан во Белград. Несреќниот случај се случил околу 23 часот кога на свадбата во ресторанот од непознати причини падна плафонот врз главата на невестата Ивана.М (30) и на уште четири лица.
 
Како што дознава српски Ало, невестата се здобила со тешки поврди на главата, а другите се со полесни повреди. 
 
Сопственикот на ресторанот веднаш бил повикан на сослушување во полиција.