Македонија
30. September 2015 - 21:39

Непознати лица влегле во економското „Арсени Јовков“ и прскале со спреј - 15 лица во болница

Две сеуште непознати лица влегле во економското училиште Арсени Јовков и почнале да прскаат со солзавец дознава Press24 од полициски извори.

Полицијата по обавениот разговор со Др.Даниел Петровски од Клиниката за Токсикологија при Ургентниот Центар – Скопје, констатирала дека во клиниката побарале лекарска помош 10 ученици и 1 професор од СУГС Арсени Јовков. Истите се пожалиле на печење на очите, печење на грлото и иритирачка кашлица при што констатирани се телесни повреди од вдишување на непозната материја. Од обавениот разговор со Др.Радмила Нешковска од градската болница 8-ми Септември утврдено е дека се доненсени 3 ученици од СУГС Арсени Јовков. Тие се пожалиле на печење на очите, печење на грлото и иритирачка кашлица при што констатирани се исто така телесни повреди од вдишување на непозната материја. Истите по обавениот разговор појасниле дека спрејот бил употребен од страна на 2 непознати лица кои го веднаш по настанот се упатиле во непознат правец.

Од МВР ги потврдуваат информациите и најавуваат целосно расветлување на случајот.