Македонија
13. December 2017 - 16:51

Неполни 24 часа стоеше целосното официјално име на МПЦ - Охридска архиепископија во соопштението на бугарската црква

Неполни 24 часа стоеше целосното официјално име на Македонската православна црква охридска архиепископија во соопштението на Бугарската црква. Без некое образложение, но најверојатно поради некој вид притисок, БПЦ од текстот на соопштението го отстрани делот Охридска Архиепископија, ословувајќи ја МПЦ само како Македонската православна црква.

Сепак во останатите делови каде што се споменува автокефалноста и македоскиот народ, нема интервенции. И понатаму во текстот стои благодарноста на МПЦ кон Бугарскиот патријарх Неофит за напорите што тој ги прави за признавањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија.

Нема интервенции и во делот каде БПЦ пишува за Свети Климент Охридски, нарекувајќи го небесен покровител на македонскиот и на бугарскит народи.

Сепак и покрај оваа интеревнција, за познавачите на црковните прашања, ова соопштение за задржува оценката на коректно, ослободено од предрасуди и национал романтичарски позиции, што според нив дава надеж за искрен пристап во понатамошната комуникација меѓу двете цркви.

Инаку Бугарскиот синод минатат недела соопшти дека комисијата на БПЦ формирана за разговори, наскоро ќе се состане по што ќе следува и првата средба со делегацијата на МПЦ.

Во српската црковна јавност пак се уште владее официјален мок. Српските медиуми јавуваат дека СПЦ очекувала средба меѓу поглаварите на двете цркви заедно со рускиот Патријарх, но поради одлуката Бугарскиот патријарх да не отпатува за Москва, тоа не се случи.