Балкан
25. November 2015 - 16:17

Неопходен е ангажман на Фронтекс на грчко-турската граница за селекција на мигрантите

Европските лидери креваат рачна. Еден по еден започнаа со повлекување од планот за згрижување на бегалците. Францускиот премиер удри остро.

Убеден е дека идната на Европа зависи токму од решавањето на овој проблем. На брифинг за меѓународните дописници во Париз како што пишува Зидојче Цајтунг Валс повикува да се спуштат рампите. Ако не го направиме тоа нашите граѓани ќе кажат дека е готово со Европа.

- Европа мора да каже дека повеќе не може да обезбеди сместување за големиот број мигранти. Тоа, едноставно веќе не е можно. Контролата на надворешните греници на ЕУ е од клучна важност за иднината на ЕУ, рекол Валс. 

Францускиот премиер има поинаков предлог. Неговиот став е дека проблемот мора да се решава таму каде што е создаден. Валс бара бегалците да добијат поддршка, но блиску до нивните домови и да бидат прифатени од нивните соседи.

Покрај Валс, рацете ги креваат и Шведска и Австрија. Министерската за вантрешни работи на Австрија јасно побара да се ограничи бројот на бегалци кои може да бидат примени. Црвена линија мора да биде поставена смета Јохана Миклл Лајтнер за да заштити и системот и граѓаните.

Шведското државно раководство најави дека ги менува правилата. Вратите на оваа земја повеќе нема да бидат ширум отворени. Го ограничуваат бројот на бегалци кој може да ги прифатат. Веќе нема да биде дозволен влез за цели фамилии, а ќе се води и строга евиденција кои ќе добие ограничена дозвола за престој.