Свет
20. јуни 2017 - 12:58

Неограничената моќ на Емануел Макрон

Зграпчувањето на власта од страна на Емануел Макрон изгледа незапирливо по парламентарни избори во Франција. Макрон ја освои претседателската функција со Франција во мај, речиси 13 месеци откако го основа неговото политичко движење, што е значаен успех кој беше потврден со изборите во неделата.

Неговата партија Републиката во движење или Републиката напред, освои апсолутно мнозинство од 577-те места во Националното собрание.

Тоа ќе му озвоможи на Макрон комотно да ги споведе ветените реформи за отскокнување на забавената економсија во Франција и да поттикне создавање работни места, нешто кое неговите тројца претходници се обидоа, но не успеаја да го остварат.

Изборите во неделата сепак не го отсликуваат ентузијазмот кај дел од мнозинството француски гласачи. Повеќе од половината не излегоа на гласачките места, што е највисока стапка на гласачка апстиненција по 1958 година. И додека политичката опозиција се тетерави, а многу политички новајлии го должат својот парламентарен мандат на претседателот, Макрон може да се соочи со предизвикот да ја злоупотреби извршната моќ.

Макрон веќе брзо тргна да ја засили безбедноста заради продолжувањето на терористичките закани со создавање на национален антитерористички центар во Елисејската палата, кои директно нему ќе му рапортираат. Тој исто подготви нацрт закон кој ќе биде претставен на состанок на кабинетот на 21 јуни, со кој постојано ќе се легализира голем дел од вонредната состојба која ја прогласи претседателот Франсоа Оланд веднаш по терористичките напади во Париз во номеври 2015 година.

Оформувањето на Центарот за контратероризам има смисол, со оглед на недостигот од превентивни напади од страна на неоткриени индивидуи кога агенциите не успеваат да си разменат информации. Недостигот на улогата на судството да го проверува преклопувањето на моќта на извршната власт, сепак е проблематично.

Уште поалармантно е спроведувањето на вонредната состојба во обичните закони, што резултира со преманентно кршење на уставните права на француските гражани. Овој закон ќе и озвомжи на полицијата да спроведува рации без судски налози, да става граѓани во куќен притвор, да наметнува носење на електронски ознаки или нараквици, и да ги бара лозинките од комјутери и мобилни телефони на луѓето.

Таквите мерки малку придонесоа во борбата против тероризмот а не може да се постигне преку постоечките закони, истовремено правејќи им реална штета на правата на граѓаните.

Единственото нешто што може да го спречи предлогот законот да стане закон е вонредната, привремена суспензија на правата на граѓаните за да стане траен.

Од друга страна, ветувањето од Макрон за свеж почеток на Франција може да резултира со порепресивна република и да постави основи за други злоупотреби на извршната власт надвор од нејзиниот мандат.