Џет-Сет
9. April 2017 - 17:25

Неодолива покана за Ема Стоун

Прекрасна понуда, објавена на социјалните мрежи, стана вирална, откако тинејџер од Аризона одлучи да ја преработи воведната сцена од филмот „Ла Ла Ленд“ со цел да ја покани актерката Ема Стоун да му биде партер на матурската забава.

Џејкоб Стауденмајер ја „оживеа“ сцената од автопатот во Лос Анџелес и го преработи текстот на песната, со цел оскаровката Стоун да ја покани на својата матура.