Живот
13. March 2018 - 22:08

Необично породување во Црвено Море стана хит ширум светот

Туристка од Русија се породила во Црвеното Море, со помош на доктор специјалист за породувања во вода, а фотографиите станаа вирални за кратко време.
Целиот процес е документиран, како жена во костим за капење излегува од морето, а по неа и човек кој ги носи бебето и плацентата.
 
Како што наведуваат повеќе медиуми, сè повеќе туристки одлучуваат да се породат токму во вода во градот Дахаб, близу Шарм ел Шеик.