Македонија
22. November 2017 - 13:19

Необичен судар на велосипедист и возило во Битола

Вчера во 18,00 часот на ул. “Прилепска“ Р.Н. (51) од Битола управувајќи велосипед во моментот кога минувал крај паркирано патничко возило “Опел Корса“ со битолски регистерски таблици управувано од В.Л. (42) од Битола, удрил во отворената предна врата од возилото додека В.Л. имала намера да излезе од возилото.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на лев колк), и бил пренесен и задржан на лекување во Клиничката Болница во Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола.

Се работи на целосно расчистување на случајот.