Живот
13. јуни 2016 - 19:15

Необичен повик во полиција, пчелар пријави мечка

Маж со иницијали М.Б. (79) од Бања Лука синоќа околу 22 часот во полиција пријавил една мечка затоа што влегла во заграден двор на неговиот имот во местото Липовац и му нанела штета на кошниците за пчели .

Тој раскажал дека мечката ги скршила и расфрлила низ дворот пет сандаци со пчелични семејства.

На местото на случувањето излегле полициски службеници на Полициската станица Челинци, а информиран е и општинскиот инспектор во Челинци.