Немојте да заборавите да го поместите часовникот - летно сметање на времето од недела
Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред во недела (25 март), времето во два часот по полноќ ќе се смета како три часот, со што почнува летното сметање на времето.
Како што соопшти Министерството за економија, летното сметање на времето во 2018 година завршува на 28 октомври во три часот наутро, кога стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад.
Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето за 2018 година е усвоена на последната седница на Владата, согласно директива на Европскиот Парламент.
- Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање, се вели во соопштението од Министерството за економија.
Ново на Сител
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд