Македонија
6. јуни 2016 - 13:40

Немирна ноќ во Струмица: Додека седеле во автомобил физички ги нападнале

Хорор се одвивал во Струмица синоќа по полноќ. Околу 01 часот и 50 минути во близина на спортската сала „Парк“,  две непознати лица со закана дека физички ќе го нападнат, извршиле разбојништво над Н.М. кој со девојка бил во своето возило марка „Ауди“. Насилниците го нападнале и С.Ќ. кој бил во своето возило „Фиат Пунто“ , исто така со женско лице.

Разбојниците со неколку удари со тупаница во пределот на главата и телото го нападнале С.Ќ.

Од двајцата нападнати биле одземени мобилни телефони.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.