Македонија
1. July 2016 - 16:56

Немили сцени и меѓусебни обвинувања при изборот на нов лидер на студентите при УКИМ

Студентите го избраа новиот претседател на парламентот. Со 3851 гласа за Давор Поповски е новиот предводник на академските граѓани кои студираат на УКИМ.  На вчерашните избори на кои имаше двајца кандидати, гласале 5 264 студенти од сите 23 факултети. Изборот завршил фер и во демократска атмосфера велат од Студентскиот парламент и покрај обидите од страна на пленумот кој политички мотивиран  да направи упад на гласањето. Вчера пленумци почнаа најпрво со навреди кон своите колеги а потоа и со  блокирање на изборниот процес да го саботираат изборот на нов претседател. Откако заврши гласањето групата се упати кон седиштето на студентскиот парламент каде предизвикаа неколку штети сакајќи насилно да влезат и да стигнат до избирачките кутии. Меѓу пленумците беа и лица кои во јавноста се познати како  платеници на СДСМ.

Новиот претседател се заблагодари за довербата и порача политичарите да ги тргнат рацете од универзитетот и да остават студентите сами да  функционираат. Поповски се надева дека со својата програма ќе успее да ја тргне дамката која била нанесена изминатите години.

Од студентскиот пленум бараат да се поништи изборот и да реагираат надлежните во УКИМ. Пленумци најавија протес вечерва пред студентскиот парламент и се заканија со порадикални чекори следната академска година.

Освен студентите кои беа нападнати од пленумот им беа искинати маиците од влечење за да стасаат до гласачките кутии, искршени бравите и рачките на вратите, вербално беа нападнати и полициските службеници. Од видеата се слуша како пленумци упатуваат пцовки и навреди кон полицијата.