Фудбал
21. March 2017 - 11:28

Немам покана од Реал но не би можел да го тренирам

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, убеден е дека на челниците на градскиот ривал Реал никогаш не би го повикале него да биде тренер на овој тим.
 
„Никогаш нема да бидам тренер на Реал, иако досега мене никој не ми го понудил тоа. Тоа е прашање на чувство и почит. Меѓутоа би можел да работам во некоја друга шпанска екипа“, изјавил Симеоне.
 
Пред почетокот на оваа сезона шпанските медиуми шпекулираа дека Симеоне би можел да го напушти Атлетико, а најголем интерес за негов евентуален ангажман покажува Интер.
 
Аргентинецот неодамна ги демантираше шепкулациите и рекол дека сигурно и во наредната сезона ќе седи на клупата на Атлетико.